Утрински Весник
Македонија

Ковачевски – Макрон: Нема време за губење

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски имаше телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, на кого му ја честиташе победата на претседателските избори и му посака успешен втор мандат како шеф на државата.

Ковачевски го честиташе и изборот на премиерка на Француската Република, Елизабет Борн, и истакна дека од воспоставувањето на дипломатските односи пред 29 години, двете земји негуваат силни билатерални односи.

Премиерот Ковачевски го нагласи интензивниот политички дијалог во последните неколку години и ангажманот на претседателот Макрон и Република Франција во однос на процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Северна Македонијa.

Нема време за губење, се согласија премиерот Ковачевски и претседателот Макрон и потенцираа дека натамошното одложување може да има сериозни регионални последици и широко ја отвора вратата за зголемено влијание на трети страни во регионот што прашањето за проширување на ЕУ со Западен Балкан го прави сериозно безбедносно прашање.

Во однос на билатералните односи, традиционалното пријателство меѓу двете земји, споделија Ковачевски и Макрон се збогатува со интензивирање на економската соработка која во изминатата година доби ново поглавје со влегувањето на Француската агенција за развој во Северна Македонија.

Можете да прочитате

Клековски: Утврдени неправилности при издадени боледувања кај 29 од 80 контролирани осигурени лица во МВР

Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, состојбата се следи, има и други мерки

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделакта е однапред договорена