Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ без срам сега им нуди септемвриско покачување помалку од колективниот договор

СДСМ им се закануваше и ги уценуваше просветните работници кои го користеa уставно загарантираното право на штрајк. СДСМ користеше манипулации и деградирања, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ СДСМ ги дискриминираше вработените во детските градинки и им ги скрати априлските плати. СДСМ ги погази обврските од колективниот договор и сега на крајот се фали со некаков дијалог.

Ај што се неспособни, па уште и се бесрамни. Сега нудат повисоки плати дури од септември за 15%, иако според колективниот договор тие треба да пораснат за 18%.

Платите на просветните работници сега не се доволни да ги покријат поскапувањата, а како што тргнало до септември покачувањето ќе биде доволно за едно влегување во маркет“ додаваат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Лажна помош на патиштата – нов трик со кој измамниците ве оставаат без пари

Пожарот во Јажинце ставен под контрола

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар