Утрински Весник
Свет

Пекинг: Соработката меѓу Јапонија и Америка не треба да ја провоцира Кина

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска изјави дека соработката меѓу Јапонија и САД не треба да предизвика конфронтација меѓу овие земји и Кина.

Ванг му рекол на својот јапонски колега Јошимаси Хајаши во видеоповик дека разговорите за Јапонија и САД, кои се „обединуваат против Кина“, создале „одвратна атмосфера“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на кинеското Министерство за надворешни работи, пренесува „Ројтерс“.

Јапонија се подготвува да биде домаќин на лидерите на САД, Индија и Австралија оваа недела, наведува британската агенција.

Можете да прочитате

Нова безбедносна тревога на аеродромот во Прага: Девет авиони проверувани по закани со бомби

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се наместени нашите избори

Тешка автобуска несреќа во Франција