Утрински Весник
Магазин

Кјара на насловна страница во костим за капење

Kара се најде на насловната страница на Sports Illustrated Swimsuit, а ваквото искуство го опиша како конечно остварување на сонот.

36-годишната пејачка на Level Up изгледа максимално затегнато во едноделен костим со леопард-дезен додека позира како супермодел на плажа.

„Овој сон да бидам на насловната страница на SI, конечно, се оствари! Навистина се гордеам што сум на насловната страница на еден ваков култен магазин и што се придружувам на елитната листа жени што се појавија пред мене“, напиша таа во објава на социјалните мрежи.

„Ова е прослава!“

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 25 октомври: Време за искрени разговори и мали промени

Бојана Нушкова позираше во погребен ковчег и со црна долна облека

Намирници што содржат повеќе железо по порција отколку месото