Утрински Весник
Македонија

СОНК и Министерството за труд најавуваат конечно решение до крајот на неделата

Блиску сме до конечно решение, соопштија денеска на заедничка прес-конференција, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

„Денеска разговаравме за повеќе предлог решенија од двете страни и дојдовме до приближување на ставовите“, рече министерката Тренчевска.

Таа најави дека преговорите ќе продолжат во текот на неделата.

„Продолжуваме со дијалогот се надевам дека до крајот на неделата, четврток – петок, ќе имаме конечено решение“, додаде министерката.

Неделков предупреди дека може да има последици доколку не се изнајде заедно прифатливо решение, но и тој потврди дека преговорите се движат во добар правец.

„Има добра волја од двете страни да се надмине ситуацијата, продолжува и дијалогот со МОН. Она што е договорено со работните гурпи од двете министерства e дека колективните договори ќе бидат пропишани во соодветна рамка“, нагласи претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура.

Можете да прочитате

ОЈО поднесе обвинение за кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа