Утрински Весник
Магазин

Канскиот филмски фестивал во полн замав за 75-годишнината

Филмскиот фестивал во Кан се подготвува за големо издание по повод 75-годишнината, со селекција на големи холивудски имиња, живахни новодојденци и претходни добитници на „Златна палма“ – возбудливо враќање дури и кога конфликтот во Украина се надвива над свеченостите.

„Искрено мислам дека ова е еден од најдобрите состави на Кан во последниве години“, рече Скот Роксборо, шеф на европското биро за „Холивуд репортер“.

Фестивалот трае од 17-28 мај, продолжувајќи го својот традиционален календар по две години нарушувања во екот на пандемијата. Настанот беше откажан во 2020 година, а минатата година се пресели во јули, со строги протоколи за Ковид-19.

Оваа година, забавите се враќаат, а меѓу холивудските тешкаши се „Топ ган: Маверик со Том Круз“ – кој ќе ја донесе актерската легенда во Кан за првпат по три децении – како и биографскиот филм на Баз Лурман за Елвис, со Остин Батлер и Том Хенкс во главните улоги.

 

„Традиција е да ги имаме нашите американски пријатели – да не заборавиме дека Канскиот фестивал, во 1939 година и во 1946 година, практично беше заеднички граден, заеднички измислен од Франција и Холивуд“, рече директорот на фестивалот Тијери Фремо на прес-конференција.

Можете да прочитате

Јапонките против новата владина одлука за носење кратки пантолони во канцелариите

Пријавете се на првиот натпревар во рачно косење трева во Делчево

Родната куќа на Хитлер во Австрија се претвора во полициска станица