Утрински Весник
Економија

Со ребаланс на буџетот ќе се скратат 100 милиони евра непродуктивни трошоци, велат од СДСМ

Следува ребаланс на Буџетот за 2022 година, со кој дополнително ќе се скратат уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци, најавуваат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Оттука образложија дека преку ваквото намалување на непродуктивните трошоци и заштедите ќе се ослободат средства со кои ќе се финансираат нови мерки за граѓаните и компаниите за надминување на последиците од светската економска криза.

„Веќе се реализира пакет мерки во вредност од 400 милиони евра за заштита на стандардот на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите. Со намалување на ДДВ на нула отсто за основните прехранбени продукти, намалената акциза за горивата, субвенционирањето на сметки за електрична енергија сериозно се намалуваат трошоците на семејствата на месечно ниво“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Како што се додава, во време на светска економска криза, како одговорна партија, СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики што значат вистинска грижа за сите категории граѓани.

Можете да прочитате

Лукаревска: Секој ден ново задолжување, ВМРО-ДПМНЕ повторно ги задолжува граѓаните

Царинска управа: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август – рекорден раст од 8,9 проценти годинава

Битиќи: Со ново задолжување ДПМНЕ ја потврди негрижата за граѓаните