Утрински Весник
Магазин

Џони Ротен ги нарече принцот Хари и Меган паразити

Во интервју за британско ТВ-шоу, Џони Ротен, членот на бендот „Секс пистолс“ и коавтор на нивниот контроверзен хит God Save The Queen, рече дека принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се паразити.

Изјавата ја даде во текот на новото шоу на Пирс Морган, гласен критичар на Хари и Меган.

Во емисијата што се емитува на новиот канал TalkTV , рокерот откри дека не ја почитува кралската двојка.

„Извинете, но мислам дека тие се покажаа како паразити“, рече тој одговарајќи на прашањето на Морган што мисли за неодамнешните кралски драми на парот.

„Ако сакате да се откажете од таа семејна ситуација, тогаш ве молам направете го тоа и најдете си работа во Мекдоналдс“, продолжи рокерот.

„Но, не очекувајте дека сè уште ќе издвојувам пари за да ги поддржам вашите глупости. Се чини дека тие се неверојатно неблагодарни – или барем тој е.“

„Ако не сакаш да бидеш јавна личност, затвори ја устата!“ рече рокерот, алудирајќи на принцот Хари.

Интервјуто со британската панк-рок ѕвезда беше по повод 45-годишнината на неговата песна God Save The Queen, а во пресрет на платинестиот јубилеј на кралицата.

Можете да прочитате

Заедно за одржлива иднина: ОКТА трета година донира соларни централи – повеќе енергија, помалку трошоци, почиста околина

Европскиот шампион во мотоциклизам Мијалков стана татко по втор пат

УКИМ на Startup Revolution AI Summit 2025 и претставување на европскиот проект TECHSIGHT