Утрински Весник
Свет

Соборот на СПЦ го одобри канонското единство со МПЦ-ОА

Соборот на СПЦ денеска го одобри канонското единство на СПЦ со Македонската православна црква, односно „Охридска архиепископија“, пренесуваат српските медиуми.

Со тоа е решен спорот, кој датира од 1967 година, кога таканаречената Македонска православна црква се одвои од СПЦ.

Пред ваквата одлука на Собранието, беа обновени разговорите меѓу српскиот патријарх Порфирио и претставниците на МПЦ, предводени од владиката Стефан, кои се водеа на преговарачка маса во Ниш и во најголема тајност.

По 20 години, откако на 17 март 2002 година беше постигнат Нишкиот договор меѓу Српската православна црква и непризнатата МПЦ, на истото место за време на првомајските празници повторно беше воспоставена официјална комуникација, а плодовите од таа комуникација ги понесе денешната одлука.

Можете да прочитате

Иран за првпат потврди: За време на сузбивањето на антирежимските протести апсени и деца

Протести против федералните служби во САД

Реакција на Маск по објавата на документите за Епстин во кои се споменува неговото име