Утрински Весник
Економија

„Рајанер“: Цените на билетите ќе пораснат летово

Цените на авионските билети летово ќе пораснат поради големата побарувачка за одмор во Европа, соопшти „Рајанер“. Шефот на авиокомпанијата Мајкл О’Лири изјави за Би-Би-Си дека очекува цените на летовите да се зголемат за неколку отсто.

О’Лири вели дека пониските цени на авио билетите моментално го поттикнуваат растот на бројот на патниците и на тој начин му помагаат на „Рајанер“ да закрепне од пандемиската криза. Тој се надева дека фирмата ќе има профитабилност во тековната финансиска година.

Компанијата објави годишен профит од 355 милиони евра и соопшти дека на закрепнувањето влијанаат укинувањето на епидемиолошките мерки и војната во Украина. Војната во Украина ја зголеми цената на нафтата на глобално ниво, а неможноста да се увезе гориво за авиони од Русија создава дополнителен проблем.

Загубата на „Рајанер“ до 31 март беше помала од очекуваното. Минатата година компанијата мораше да се соочи со загуба од 1,02 милијарди евра.

Првиот човек на компанијата вели дека очекува до јуни цените да бидат пониски, но ако се суди по резервациите тие ќе бидат повисоки во текот на летото.

Можете да прочитате

Левица: Владата се откажува од гасификацијата – две милијарди денари скратени со ребалансот

СДСМ: Цените до плафон, платите во место – Мицкоски го турка народот во сиромаштија

УЈП започна контроли на приливите од странство остварени во текот на 2021 година