Утрински Весник
Свет

Силна песочна бура во Ирак

Силна песочна бура го погоди Ирак, поради што беа прекинати летовите на меѓународниот аеродром во Багдад, а затворени се и некои државни училишта и компании, јавуваат тамошните медиуми.

Властите во Багдад, вклучително и Министерството за образование, прогласија слободен ден за институциите на локалната власт, со исклучок на здравствените услуги.

Стотици луѓе во главниот град на Ирак и во јужните градови побараа помош поради тешкотии со дишењето, соопштија медицинските власти.

Меѓународниот аеродром во Багдад во соопштение информира дека го затвора својот воздушен простор и ги суспендира сите летови до понатамошно известување поради слабата видливост.

Најмалку една песочна бура неделно го погоди Ирак во последните неколку недели, пишуваат медиумите.

Можете да прочитате

Трамп: Ниту една држава нема да ја контролира Ормуска Теснина

Русија: Ако Ерменија го продолжи патот кон ЕУ, Ереван ќе плаќа поскапи енергенси

Осуммина повредени во руски напад врз Одеса