Утрински Весник
Свет

Калин: Не би било добро Турција да биде рестриктивна кон Русија

Турција мора да одржи деликатна дипломатска рамнотежа по руската инвазија на Украина за да остане во позиција да помогне да се стави крај на војната преку преговори, изјави денеска Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Калин, кој е и главен советник за надворешна политика на Ердоган, изјави за „Ројтерс“ дека иако Анкара ја критикуваше инвазијата на Москва на 24 февруари и акциите на бојното поле, не би било добро да се заземе рестриктивен став против Русија, пренесува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Макрон избра нов премиер на Франција

Орбан за приемот на Украина: Проширувањето на ЕУ не може да се базира на лицемерие и двојни стандарди

Трагедија на протестите во Непал – жива запалена сопругата на поранешниот премиер