Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 31 степен

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

Во Скопје претежно сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 30 степени.

Во вторник доцна попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните делови. Локални врнежи од дожд ќе има и во среда, кога дневната температура ќе се намали. Од среда до петок ќе дува засилен северен ветер.

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари