Утрински Весник
Спорт

Незапирливата Ига Швјонтек со петта титула во низа!

Полјачката Ига Швјонтек продолжи со неверојатната доминација во женскиот тенис, победувајќи ја Тунижанката Онс Жабер со 6:2/6:2 во финалето на Италија опен во Рим, за своја 28. победа едноподруго и петта ВТА титула во низа, во најдолгата победничка серија во женскиот тенис од 2000.

Со титулите во Доха, Индијан Велс, Мајами, Штутгарт и Рим (сите освен еден ВТА 1000 турнири), Швјонтек е првата тенисерка по Серена Вилијамс во 2013 со пет титули во низа. Покрај тоа, популарната Ига има победи во своите последни осум ВТА финалиња, сите без загубен сет.

20-годишната Швјонтек имаше два порази во последните два меча со Жабер, на Вимблдон и во Синсинати минатата година, но имаше фуриозен старт, поведувајќи со 6:2/4:0, пред Жабер, која исто така беше во победничка серија од 11 меча со титулата во Мадрид минатата недела, да се врати во игра. Таа успеа да ги освои следните два гема и да дојде до брејк топка во седмиот гем, но Швјонтек успеа да го освои гемот и да ја комплетира победата.

> Незапирливата Ига Швјонтек со петта титула во низа! <

Можете да прочитате

Еурофарм Пелистер почна добро, но загуби на гостувањето во Загреб

Надал: Никогаш во животот не сум скршил рекет, но да бидам искрен, неколку пати сум сакал

Вардар почнува со Мелсунген дома и завршува со бундеслигашот на гости