Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. УВ=7

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во следните два дена ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер повторно се очекува во среда.

Можете да прочитате

(Фото) Свечено отворено 65. издание на Охридско лето

Убиецот оставил порака на фејсбук меѓу убиените 11 годишно дете

Нови детали од Прилеп: Тројца мртви, убиецот пукал кон полицијата, фрлил бомба па се самоубил