Утрински Весник
Свет

Првиот случај на воени злосторства пред суд: Руски војник се соочува со доживотна казна затвор

На руски војник денеска треба да му се суди за наводното убиство на невооружен украински цивил – првиот случај за воени злосторства што е сослушан од почетокот на руската инвазија.

Наредникот Вадим Шишимарин е обвинет дека пукал во глава на 62-годишен маж преку отворен прозорец на автомобилот во североисточното село Чупахивка.

Тој се соочува со доживотен затвор според украинскиот кривичен закон, кој се занимава со законите и обичаите на војната.

Неговиот адвокат Виктор Овсијаников изјави дека случајот против него е силен, но конечната одлука за тоа какви докази ќе дозволи ќе ја донесе судот во Киев, пренесува АП.

Тој рече дека тој и неговиот клиент се уште не одлучиле како да се изјаснат, пишува Би-Би-Си.

Канцеларијата на главниот украински обвинител, Ирина Венедиктова, соопшти дека истражува повеќе од 10.700 потенцијални воени злосторства во кои се вклучени повеќе од 600 осомничени, вклучително и руски војници и владини претставници.

Можете да прочитате

Уапсен е осомничениот за убиството на Кирк, објави Трамп

Сијарто: ЕУ мора да ги прекине двојните стандарди кон Унгарија

Упадот на беспилотни летала во Полска би можел да биде грешка, смета Трамп