Утрински Весник
Економија

Министерството за економија предложи трговците на мало да работат во недела

Министерството за економија достави до Собранието Предлог за измени и дополнувања на Законот за трговија со кои се дава предлог во туристичките места сите трговци на мало да можат да работат во недела и за време на празници.

Измените и дополнувањата на Законот за трговија се доставени до партениците за нивно разгледување и усвојување во Собранието.

Со овие измени се дава можност на сите туристички места што се пропишани со Закон за туристичка дејност, продавниците и дуќаните во кои се врши трговија на мало да можат да работат и во деновите кои се третираат за неработен ден и државни празници во текот на целата година.

Надоместокот од 100 проценти дневница за работа во недела и празници останува за трговците на мало во туристичките места да ја платат на работниците.

Можете да прочитате

Пензијата не смее да биде неизвесност туку договор со државата

Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега, велат од СДСМ

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра