Утрински Весник
Македонија

Османи-Бурита: Мароко претставува ценет и значаен медитерански партнер

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на престојот во Маракеш, Мароко и учеството на министерскиот состанок на Глобалната Коалиција за борба против ИСИС имаше средба и со домаќинот мароканскиот министер за надворешни работи, Насер Бурита.

Во фокусот на средбата беше соработката во рамки на ОБСЕ Групата на медитерански партнери за соработка – со која оваа година претседава Северна Македонија.

Министерот Османи на средбата укажа дека Мароко претставува ценет и значаен медитерански партнер, со простор и можности за унапредување на медитеранското партнерство во рамки на ОБСЕ.

Беа разменети мислења и за заедничкото справување со безбедносните предизвици, почнувајќи од тероризмот, насилниот екстремизам до други транснационални закани, климатски промени и пошироките стратешки предизвици.

Можете да прочитате

Природонаучниот музеј на Македонија одбележува 100 години постоење со свечена академија во МНТ

„Платформа 12:05“: Само обединета опозиција може да ги победи десничарските популисти

Филипче: Честитки до граѓаните на Србија за големата победа