Утрински Весник
Свет

Кулеба: Ќе лобираме за членство на Украина во ЕУ, како и за воведување нови санкции кон Русија

За време на денешната посета на Берлин, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го пофали одговорот на Германија на војната со Русија, велејќи дека земјата сега го презеде водството по тензиите меѓу Берлин и Киев.

Во интервју за германската телевизија АРД, Кулеба рече дека се случиле позитивни промени откако Германија одлучи да испорача тешко оружје на Украина и го поддржа предложеното ембарго на ЕУ за руската нафта по притисокот од сојузниците.

За време на посетата на министерот за надворешни работи на Украина, која вклучува и негово учество на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 на балтичкиот брег на Германија, Кулеба рече дека планира да лобира за членство на Украина во ЕУ, како и да воведе нови санкции кон Русија, пренесува Ројтерс.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад