Утрински Весник
Спорт

Сузуки: Тешката економска ситуација нè избрка од Мото ГП

По повод најавата дека ќе се повлече од шампионатот во Мото ГП следната сезона, се огласија челните луѓе на Сузуки.

„Сузуки мотокорпорејшн разговара со Дрона за нашето повлекување од Мото ГП-шампионатот на крајот на 2022 година. За жал, тешката економска ситуација доведе до многу проблеми во автомобилскиот свет, а тоа се одрази и на нас. Принудени сме да ги намалиме трошоците и човечките ресурси за развој на нови технологии.

Сакаме да му се извиниме на нашиот тим, на сите оние што го поддржуваа Сузики во изминатите години, а особено на навивачите што секогаш се со нас“, се вели во соопштението.

Шампионатот во Мото ГП продолжува викендов со трка за Големата награда на Франција во Ле Ман.

> Сузуки: Тешката економска ситуација нè избрка од Мото ГП <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина