Утрински Весник
Магазин

(Видео) Нов трејлер за „Светот Јура: Доминион“

„Светот Јура: Доминион“, еден од филмските серијали создаден од Стивен Спилберг, се враќа на големото платно во јуни оваа година.

Актерите Сем Нил, Џеф Голдблум и Лора Дерн ќе ги репризираат своите поранешни улоги, како и Крис Прат и Брајс Далас Хауард, кои се појавија во претходниот дел од трилогијата.

Новиот филм за светот во кој доминираат диносаурисите е еден од најголемите долгоочекувани хитови во киносалите. По повеќе одложувања во екот на пандемијата, премиерата на научнофантастичниот блокбастер е закажана за 10 јуни.

https://www.youtube.com/watch?v=EjxjeNfL8wc

Можете да прочитате

Човештвото чекор поблиску до неограничена чиста енергија

„Плазма“ и „Роса“ ја продолжуваат заедничката иницијатива за да им донесат радост на првачињата

Концертот на Дино Мерлин во Краљево откажан на неколку дена пред настапот