Утрински Весник
Свет

Прајс: Прв приоритет на листата е крајот на руската агресија

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, рече дека ставањето крај на руската агресија е прво на листата на приоритети.

„Ние сме фокусирани на тоа“, рече тој на брифингот со новинарите.

Напорите на САД во моментов се фокусирани на ставање крај на војната во Украина, но Вашингтон е подготвен да помогне во обновата на Украина.

Според него, САД во моментов се фокусирани на обезбедување економска, хуманитарна и безбедносна помош за Украина.

„Меѓутоа, кога ќе се појави можност да помогнеме во обновата на Украина за да се опорави од уништувањето предизвикано од Кремљ низ целата земја, САД исто така ќе бидат подготвени за тоа“, нагласи Прајс.

Тој исто така рече дека предлогот со кој се обезбедуваат средства за американска помош за обнова на Украина се чека соодветна процедура во Конгресот, пренесува украинската новинска агенција Укринформ.

Можете да прочитате

Зеленски: Територијалните прашања остануваат пречка во преговорите

Шестмина избодени со нож во Антверпен

Премиерот на Гренланд порача дека само Гренланд и Данска имаат мандат да склучуваат договори за островот