Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица, пронајдена муниција

Денеска околу 12.40 часот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи ги лишија од слобода К.Г.(26) и Ф.М.(21), двајцата од с.Стајковци, скопско.

При преглед во патничко возило “мерцедес”, со скопски регистарски ознаки, извршен на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба во кое се затекнати двете лица, пронајдени се и одземени две кутии со куршуми 7.62 мм.

Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Интерпелацијата на министерката за енергетика Божиновска пред пратениците

Променливо облачно со локален дожд

Последниот танц на политичарот Вучиќ: Кога моќта почнува да го губи ритамот