Утрински Весник
Свет

Италијанскиот премиер: САД и Русија да седнат на маса за да се стави крај на војната во Украина

САД и Русија мора да разговараат за да се обидат да стават крај на борбите во Украина, изјави денеска италијанскиот премиер Марио Драги, ден по средбата со американскиот претседател Џо Бајден.

„Има толку многу можности, но прво е неопходно Русија и САД да седнат на маса“, рече Драги, пренесува Ројтерс.

Премиерот Драги на прес-конференцијата рече дека тој и Бајден препознале дека патот кон мирот е многу комплициран, но дека секој треба да вложи напори да им помогне на Русија и Украина да го прекинат конфликтот, наведува британската агенција.

Можете да прочитате

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација