Утрински Весник
Македонија

Во подрум во основно училиште во Тетово пронајдени рачни бомби и мини од периодот на СФРЈ

При чистење на подрумска просторија на основно училиште во селото Јегуновце, Тетовско, биле пронајдени три школски противпешадиски распрскувачки мини, една школска противтенковска мина, две школски рачни бомби, 12 парчиња школски електрични детонаторски каписли и две школски мини ПМА 1А, кои потекнувале од периодот на поранешна СФР Југославија.

Од МВР соопштија дека бил извршен увид, а од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување пронајдените предмети биле подигнати за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Последниот танц на политичарот Вучиќ: Кога моќта почнува да го губи ритамот 

Бесерменји од Белград: Заплашувањата не успеаја, очекуваме излезност над 70 отсто

Богдановиќ за изборите во Србија: Сега е финалето и за власта и за студентите