Утрински Весник
Свет

Зеленски: Сите наши градови ќе бидат ослободени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја пофали надчовечката сила на украинските војници во борбата против руската армија.

„Благодарен сум на сите наши заштитници кои возвраќаат и покажуваат навистина натчовечка сила“, рече Зеленски во своето видео обраќање доцна навечер во вторникот, истакнувајќи дека Украинците се борат против некогаш втората најсилна армија во светот.

„Нема потреба да се создава атмосфера на специфичен морален притисок кога се очекуваат одредени победи на неделна, па дури и на дневна основа“, рече тој.

Зеленски се повика на извештаите на военото раководство од вторникот за враќање под украинска контрола на дел од територијата во близина на градот Харков во источна Украина.

„Украинските сили постепено ги протеруваат окупаторите од тој регион“, рече Зеленски.

„Вооружените сили на Украина прават се за да ја ослободат нашата земја и нашиот народ. Сите наши градови ќе бидат ослободени Херсон, Мелитопол, Бердјанск, Мариупол и сите други“, додаде тој.

Можете да прочитате

Најмалку 16 загинати при пад на авион врз училишен двор во Дака

Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет

Затворени аеродромите во Москва поради напади со дронови