Утрински Весник
Свет

Бил Гејтс позитивен на коронавирус

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот и голем донатор во борбата против Ковид-19, изјави дека е позитивен на коронавирус.

Тој во објава на Твитер рече дека има благи симптоми. Гејтс (66) рекол дека е во изолација и дека претходно примил вакцина и бустер доза, пренесува „Њујорк тајмс“.

Не е познато дали ова е првпат Гејтс да добие позитивен резултат од тестот за ковид. Гејтс рече дека на состанокот на неговата фондација ќе учествува преку виртуелен пат.

Можете да прочитате

Иран ги нападна американските воени бази во Кувајт со ракети и дронови

Оружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети

Путин: Украинските дронови оштетија околу сто руски бродови