Утрински Весник
Македонија

Мопед излетал од коловоз во Штип – возачот и неговата сопатничка тешко повредени

Синоќа околу 13.38 часот во СВР Штип било пријавено дека на улица „Сремски фронт“, мопед „априлија“, со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Ч.(23) од Штип, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мопедот М.И. (22) од Штип, а со телесни повреди се здобил возачот М.Ч. констатирани во Клиничка болница Штип.

Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

Можете да прочитате

Полициска акција во Скопје – пронајдени пет килограми марихуана кај татко и син

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција