Утрински Весник
Свет

(Видео) Силен порој урна мост во пакистанската долина Хунза

Пo големите порои предизвикани од топењето на глечери, во саботата се урна мост во Хасанабад во пакистанската долина Хунза.

На снимката се гледа како бетонските блокови од мостот попуштаат среде поројот. Хасанабад ги поврзува северен Пакистан и Кина на автопатот Каракорам, пишува „Јаху“.

Локалната полиција извести дека возилата сега се пренасочуваат кон патот Sas Valley.

Поплавите уништија и две електрани во Хасанабад. Официјалните лица ги евакуирале жителите кои живеат во најзагрозената област.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад