Утрински Весник
Спорт

Прва фотка во дресот на Манчестер Сити: Ерлинг Халанд ги минал медицинските прегледи

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд и дефинитивно прави голем трансфер во Манчестер Сити. Тоа стана јасно во текот на денот, а сега излезе и првата официјална фотографија на еден од најдобрите голгетери во дресот на „граѓаните“.

Ерлинг Халанд денеска ги минал медицинските прегледи во Манчестер Сити, ги договорил сите детали и се враќа во Дортмунд. Сега Манчестер Сити треба да ја плати отштетнната клаузула од 75 милиони евра, по што во првите денови од летниот преоден рок трансферот и официјално ќе биде реализиран.

Ерлинг Халанд тргнува по стапките на неговиот татко кој исто така го носеше дресот на Манчестер Сити.

> Прва фотка во дресот на Манчестер Сити: Ерлинг Халанд ги минал медицинските прегледи <

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД