Утрински Весник
Македонија

Средба Пендаровски- Гулијев: Разговарано за претседателството на Македонија со ОБСЕ во 2023 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Азај Гулијев, потпретседател на Парламентарното Собрание на ОБСЕ и специјален претставник за Југоисточна Европа.

На средбата се разговараше за севкупната соработка на земјава со организацијата, како и за тековните подготовки за претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

Пендаровски посочи на значајната улога на Парламентарното Собрание на ОБСЕ и нивните напори да се негува плоден меѓупарламентарен дијалог за прашања поврзани со заложбите на ОБСЕ, како и да се промовираат целите на организацијата.

Во однос на подготовките за претседателството со ОБСЕ во 2023 година, Пендаровски нагласи дека нашата работа ќе биде заснована на добра волја, дијалог и меѓусебно разбирање во заштитата и промовирањето на принципите и заложбите на ОБСЕ. Приоритетите на претседателството, рече претседателот, ќе бидат усогласени со тековната агенда на ОБСЕ, националните како и регионалните приоритети, а исто така, ќе бидат земени предвид актуелните глобални предизвици и трендови поврзани со работата на организацијата.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во поширокиот регион, а во контекст на руската агресија врз Украина.

Можете да прочитате

Претставата на Драмски театар „Мачкина глава“ ќе го отвори јубилејниот, 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Уставен суд поведе постапка за нееднаков третман при добивање на еднократна парична помош за новороденчиња 

Повеќе разбирање и поддршка за жените: здравствените работници се обучуваат за перименопауза