Утрински Весник
Македонија

Се укинуваат ковид протоколите во предучулишните установи

Владата ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести.

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување мна возрасни лица и лица со попреченост.

Поради тоа, Министерството за труд и социјална политика, ја известува јавноста дека спроведувањето и почитувањето на општите и посебни мерки и протоколи за заштита од Ковид-19 во предучилишните установи престануваат да важат. ​

Можете да прочитате

Последниот танц на политичарот Вучиќ: Кога моќта почнува да го губи ритамот 

Бесерменји од Белград: Заплашувањата не успеаја, очекуваме излезност над 70 отсто

Богдановиќ за изборите во Србија: Сега е финалето и за власта и за студентите