Утрински Весник
Свет

Германскиот пратеник за Балканот: Србија не може да влезе во ЕУ со проруски став

Србија не може да седи на две столчиња, изјави специјалниот пратеник на германската влада за Западен Балкан, говорејќи за наклонетоста на српските власти кон Русија.

Пред да пристигне во Белград, Мануел Саразин, изјави дека општеството во Србија е поблиску до Германија и ЕУ во економска и политичка смисла отколку до Русија, пренесува „Ал Џезира“.

„Нашата финансиска поддршка и инвестиции се поголеми. Заинтересирани сме и за економскиот и социјалниот развој на оваа земја. Разбирливо е дека средствата што ги даваме и нашиот ангажман во земјите кандидати се поголеми отколку во земјите кои, на пример, се дел од Источното партнерство“, изјави Саразин за белградскиот весник „Данас“.

Специјалниот пратеник на Германија истакна дека е сосема јасно оти по руската инвазија на Украина, проруската позиција е неспоива со статусот на кандидат за ЕУ.

„Не можете да седите на две столчиња кои се оддалечени со километри. Освен тоа, мислам дека Србија многу добро знае дека е во нејзин интерес што поскоро да се ослободи од сите зависности од бескрупулозниот режим.

„Се разбира, има реперкусии врз одлуките на економските субјекти дали земјата неповратно ја следи европската насока или не. Станува збор за проценка на придобивките и ризиците. Од почетокот на руската инвазија на Украина, бизнисмените се прашуваат дали Србија како инвестициска дестинација се приклучила кон европските ставови и дали тоа ќе го прави во иднина. Затоа е клучно Србија сега да заземе свој став“, порача Саразин.

Можете да прочитате

Исчезна руски воен хеликоптер со пет лица

Канал 12: Нетанјаху му ветил на министерот Смотрич, по 60-дневниот прекин на огнот во Газа, ќе се врати во војната за да го уништи Хамас

Иранскиот министер за надворешни работи го исмејува Нетанјаху: Што точно тој пуши?“