Утрински Весник
Македонија

Вандализирани кутии за улично осветлување во Градскиот парк

Непознати сторители вчера насилно ги отвориле кутиите (орманчиња) за електрична енергија кај ЗОО Скопје и во близина на споменикот на Гоце Делчев, а осигурувачите биле исклучени, информираат од Град Скопје.

Градските власти појаснуваат дека надлежните екипи веднаш излегле на терен во увид и во рок од 15-тина минути го санирале проблемот.

„Градот Скопје остро ги осудува ваквите дејствија, апелираме до граѓаните да не се врши насилно отворање на ормарите за електрична енергија, затоа што со тоа се доведува до опасност мрежата за електрична енергија и се загрозува безбедноста на посетителите на Градскиот парк“, се наведува во соопштението.

Од Градот Скопје велат дека за овој чин е известено и МВР и изразуваат надеж за соодветно постапување од страна на надлежните институции.

Можете да прочитате

Филипче со конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

Измена на Правилникот за боледување – зајакнати контроли и намалување на боледувањето од 7 на 5 дена

Герила акција на Партизанска: Поставена чекална –симбол на корупцијата во здравството