Утрински Весник
Македонија

(Видео) Владина делегација положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај

Делегација на Владата предводена од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, од министерот за локална самоуправа Горан Милевски и од заменик-министерот за правда Агим Нухиу, положија цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Како што информираат од владината прес-служба, положувањето венци свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје е дел од програмските активности за чествување на празникот 9 Мај 1945 година, кој како Ден на победата над фашизмот е запишан со светли букви во историјата на Северна Македонија како ден, кога заедно со прогресивните сојузнички европски сили и САД бил прогласен официјално крајот на Втората светска војна, и ден кој бил прогласен и прифатен како Ден на победата над фашизмот.

Венци со свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје положија и делегации на Сојузот на Борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна, Делегација на Претседателот на државата, Делегација на Собранието, на Армијата, на дипломатскиот кор, како и на политички партии и други општествени и граѓански организации.

Можете да прочитате

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат

Границите во колапс, по еден час се чека на Табановце и на Богородица

ЦУК: Осум активни пожари до 18.30 часот, еден под контрола