Утрински Весник
Економија

Кишида: Јапонија постепено го укинува увозот на руска нафта

Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека Јапонија полека го намалува увозот на руска нафта, во знак на единство во напорите на Групата седум светски индустриски сили против руската инвазија на Украина, пренесува Дневен аваз.

Лидерите на земјите-членки на Г-7 одржаа онлајн состанок во неделата и ја објавија својата посветеност на напорите за постепено укинување на увозот на руска нафта, поради притисокот врз Москва да ја прекине својата агресија против Украина.

– Тоа е исклучително тешка одлука за земја која главно се потпира на увоз на енергија, вклучително и нафта. Сепак, единството во Г-7 е најважно во моментов – изјави Кишида за новинарите во понеделникот.

Кишида рече дека укинувањето на увозот на руска нафта ќе биде постепен и бавен процес, а неговата временска рамка ќе биде решена подоцна, бидејќи таквиот процес бара потрага по алтернативни извори на енергија.

Околу четири отсто од увозот на нафта во Јапонија доаѓа од Русија. Јапонија, исто така, најави планови за постепено укинување на рускиот увоз на јаглен.

Можете да прочитате

УЈП испрати над 863.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај да ги проверат

Луфтханза цел јуни нема да лета на релација Франкфурт – Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да зборува за економија, затоа што ја доведе државата на раб на банкрот