Утрински Весник
Свет

(Видео) Четири жртви при пожар во дом за стари и изнемоштени лица во Варна

Четири лица загинаа во пожар во дом за стари и изнемоштени лица во Варна, Бугарија, соопшти локалната полиција.

Меѓу загинатите се тројца мажи на возраст од 70 до 73 години и една 88-годишна жена, пренесоа бугарските медиуми.

Од домот се евакуирани 20 луѓе.

Полицијата ги истражува причините за пожарот. Началникот на полицијата во Варна, Атанас Михов изјави дека 53-годишен штитеник на домот за стари лица е осомничен дека го подметнал пожарот.

Можете да прочитате

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?