Утрински Весник
Македонија

Сообраќајка во Битола – едно лице е тешко повредено

Вчера во 21.42 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фиат Пунто“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(31) од с.Долно Оризари, битолско и патничко возило „Шкода Октавија“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Х.(62) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Х.(53) од Битола, сопатничка во возилото „Шкода Октавија“, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Можете да прочитате

Штипјанец се обидел да ѝ ја запали куќата на бившата партнерка

Левица: Уставниот суд се подготвува да ја зацементира цензурата врз нас

Мотоциклист загина во сообраќајка во Куманово