Утрински Весник
Свет

Главниот муфтија на Албанија побара од папата поддршка за независноста на Косово

Главниот муфтија на Албанија, Бујар Спахиу го посети Ватикан, каде што беше пречекан од папата Франциско.

Албанскиот муфтија во оваа прилика побарал поддршка за независноста на Косово.

Во полчасовниот разговор се разговарало и за политички теми.

Главна тема на средбата беше мирниот соживот на религиите во Албанија, како и Документот за човечко братство потпишан од големиот имам Ал Азара, Ахмед Таџиб и папата Франциско.

– Папата ја пофали посебната улога на поглаварот Спахи во промовирањето и ширењето во Албанија на документот потпишан во Абу Даби за човечко братство – се вели во соопштението на Исламската заедница на Албанија.

Средбата меѓу папата Франциско и главниот муфтија на Албанија е прва од основањето на Исламската заедница на Албанија, пренесува Газета експрес.

Можете да прочитате

Мал авион се урна на аеродромот во Лондон Саутенд, бројот на патници е непознат

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина