Утрински Весник
Свет

Директорот на ЦИА: Путин мисли дека ќе напредува со интензивирањето на конфликтот

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин верува дека интензивирањето на воениот конфликт во Украина ќе даде подобри резултати во војната.

Барнс на настан организиран од Фајненшл тајмс во Вашингтон рече дека „душевната состојба“ на Путин моментално е таква што тој не верува дека може да си дозволи да загуби во војната, објави Ројтерс.

Вилијам Барнс истакна дека Путин верува дека може да победи ако ги засили нападите.

Можете да прочитате

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд

Маж уапсен со оружје во близина на Белата куќа по наводна закана кон Трамп

САД нудат награда од 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма