Утрински Весник
Македонија

Казни за 145 возачи поради брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на земјата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 145 возачи.

Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час, а еден со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 64 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 81 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи кон заеднички придонес за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Бесерменји од Белград: Заплашувањата не успеаја, очекуваме излезност над 70 отсто

Богдановиќ за изборите во Србија: Сега е финалето и за власта и за студентите

Здравковски прогнозира победа на Вучиќ и немири во Србија по гласањето