Утрински Весник
Свет

Зеленски ги објави условите за мировен договор со Русија

Секој мировен договор со Русија ќе зависи од повлекувањето на руските сили на нивните позиции пред инвазијата, рече украинскиот претседател, Володимир Зеленски во обраќањето пред лондонскиот тинк-тенк нагласувајќи дека тоа е минимумот што неговата земја може да го прифати, пишува Би-би-си.

Зеленски рече дека тој е лидер на „Украина, а не на мини-Украина“. Дециден е дека не може да стане збор за тоа Русија да ги задржи териториите што ги освоила по инвазијата на Украина.

„За да се запре војната меѓу Русија и Украина, чекорот треба да биде враќање на ситуацијата од 23 февруари“, рече тој како одговор на прашање на Би-Би-Си.

Повикувањето на ситуацијата од 23 февруари сугерира дека Украина можеби нема да инсистира на повторно преземање на Крим пред да склучи мир со Русија. Полуостровот беше припоен од Русија пред осум години.

Зеленски повика на продолжување на дипломатскиот дијалог меѓу Русија и Украина.

Можете да прочитате

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство

Трамп: Ја сакам Украина, но земјата е во сериозна неволја

ЕУ до Израел: Запрете ја офанзивата во Газа, се подготвуваат нови санкции