Утрински Весник
Свет

Синот на принцот Хари го прослави третиот роденден – честитка доби и од неговата прабаба, кралицата Елизабета

Преку официјален профил на „Твитер“ кралицата Елизабета му посака среќен трети роденден на својот правнук Арчи, и тоа со фотографија од кралицата, покојниот принц Филип, мајката на Меган, Дорија, и неговите родители, направени во замокот Виндзор неколку дена по раѓањето на бебето, пренесе српскиот портал “Курир”.

Се верува дека ова е еден од ретките, а веројатно и единствениот пат кога кралицата го видела Арчи, а никогаш не ја запознала својата истоименичка, родена во Америка, правнуката Лилибет!

Синот на војводата и војвотката од Сасекс, официјално именуван Арчи Харисон Маунтбејн Виндзор, како и неговите родители, беа предмет на голема семејна дебата кога принцот Хари и Меган Маркл го отфрлија строгиот кралски обичај за неговото крштевање во капелата на замокот Виндзор, кое било претворено во приватна работа, а тие донеле одлука да не го откријат идентитетот на нивните кумови, што ја налутило кралицата, пишува „Курир“.

Можете да прочитате

Израелската армија може да се распадне ако не се реши недостигот на луѓе

Јапонија ќе ги намали ограничувањата за термоцентралите на јаглен поради енергетската криза

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки