Утрински Весник
Свет

Песков: Руската операција во Украина се одвива според планот

Руската специјална воена операција во Украина се одвива според планот, изјави денеска за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја забелешката на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека операцијата е „одложена“, пренесува ТАС С.

„Операцијата се одвива според планот“, нагласи Песков, во интервју за Асошиетед прес во четвртокот.

„Информациите за подготовките на Русија за специјална воена операција во Украина се дистрибуирани до многу тесен круг луѓе, поради самата специфичност на таквите акции“, рече Песков.

Можете да прочитате

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?