Утрински Весник
Македонија

Крводарителска акција на министерот Спасовски и припадниците на МВР по повод Денот на полицијата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со вработени во МВР, денеска, по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, даруваше крв во седиштето на МВР.

„Врз основа на Меморандумот за соработка потпишан од страна на Министерството за внатрешни работи, Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот Крст на Република Северна Македонија и согласно Законот за безбедност во снабдување со крв и во 2022 година, продолжува континуираната соработка за доброволно дарување на крвни единици“, информираат од ресорното министерство.

По повод одбележувањето на 7 Мај денот на полицијата се организирани доброволни крводарителски ации за вработените во МВР и тоа во седиштето на МВР и во СВР Штип, СВР Битола и СВР Тетово ќе се дарува крв во Регионалните центри за трансфузиона медицна.

Министерот Спасовски како редовен крводарител и во оваа пригода оддаде признание на припадниците на МВР коишто по претходно направен план се дел од бројните крводарителски акции, а воедно упати и повик до граѓаните за подигање на јавната свест за хуманиот чин на дарување крв преку приклучување во крводарителските акции со кои може да се спаси човечки живот.

Можете да прочитате

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, во Кочани ќе го поддржат Влатко Грозданов

Македонец лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“

Шукова: Мицкоски живее во паралелен свет каде горењето отпад не загадува