Утрински Весник
Спорт

Мајката на Мбапе демантираше дека тој го обновил договорот со ПСЖ

Фајза Ламари, мајката на Килијан Мбапе во интервју за шпанскиот спортски весник „Марка“ демантираше дека нејзиниот син веќе го продолжил договорот со Пари Сен-Жермен, вест која попладнево ја објави францускиот весник „Ле паризиен“.

„Тоа е комплетно лажна вест. Реал Мадрид останува опција за него“, изјавила Ламари во прво интервју за шпанските медиуми.

„Ле паризиен“ тврдеше дека Мбапе го продолжил договорот на две сезони со опција за трета, со астрономска плата од 50 милиони евра по сезона и бонус од 100 милиони евр за потпишување на договорот. Тие тврдеа дека ПСЖ успеале да го убедат Мбапе со новиот спортски проект и сакале да го објават договорот на 15 мај, при доделувањето на наградите за најдобрите во француската лига.

> Мајката на Мбапе демантираше дека тој го обновил договорот со ПСЖ <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина