Утрински Весник
Економија

ЕУ многу блиску до договор за досега најсилниот удар врз рускиот енергетски сектор

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, изјави дека Унијата е многу блиску до договор за шестиот пакет санкции против Русија поради инвазијата на Украина.

„Многу сме блиску до договор. Потребен ни е овој договор бидејќи треба да извршиме уште посилен економски и финансиски притисок врз Русија“, изјави Борел во Италија.

Вчера Европската комисија предложи нов пакет санкции против Русија, кои ќе вклучуваат постепена забрана за увоз на руска нафта.

Доколку се одобри таквиот пакет, тоа ќе биде најсилниот удар досега врз рускиот енергетски сектор, а индиректно и врз претседателот Владимир Путин.

Можете да прочитате

Министерство за финансии исплати 785 милиони денари за поддршка на домашни компаниии

Божиновска: Општините добиваат конкретна поддршка за реализација на повеќе енергетски проекти – започнаа практичните обуки за општините

Се интензивира откупот на тутунот