Утрински Весник
Свет

Мишел: Имотот на олигарсите треба да се продаде и да се вложи во Украина

Шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека ЕУ треба да го продаде имотот што го запленила од санкционирани руски поединци. Тој смета дека средствата од продажбата треба да се искористат за обнова на Украина. Станува збор за имотот на руските олигарси.

Минатиот месец ЕУ објави дека замрзнала 30 милијарди евра средства поврзани со руски и белоруски поединци под санкции. Со изјавата за продажба на запленетиот руски имот, Шарл Мишел стана првиот висок функционер на ЕУ кој предложи конфискација на имотот.

Бајден го имаше истиот предлог

Американскиот претседател Џо Бајден предложи минатата недела да се продаде имотот на олигарсите за да се поправи штетата предизвикана од Русија и да се помогне во обновата на Украина.

Но, некои предупредија дека какви било легислативни чекори во тој поглед би можеле да ги загрозат некои основни права, што Мишел ги призна како нешто што предизвикува загриженост.

„Запленувањето на имотот на санкционирани лица не е толку едноставно. Тоа би бил тежок и долг процес“, рече Шарл Мишел.

Можете да прочитате

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела