Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека блокадата е на барање на граѓаните

Активната блокада е барање на граѓаните, СДСМ создаде криза, сиромаштија, а зад завеса прави и криминал, реагира ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата на СДСМ. 

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека до 100 отсто се зголемени цените на основните продукти, за 70 отсто се зголемени цените на горивата, за 30 отсто е зголемена цената на струјата, за 15 отсто е зголемена цената на парното греење, а според нив, тоа е во поголем дел вина на СДСМ и лошото управување со државата заради криминал.

„СДСМ и ДУИ ги предизвикаа сите кризи и тие се единствено одговорни за националната катастрофа која ја живееме. СДСМ сака да остане на власт за да продолжи да краде и да ги злоупотребува средствата од буџетот. Токму затоа се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро. Зошто ако остане СДСМ на власт долгот само ќе се зголемува, а инвестиции нема да има, сиромаштијата ќе расте, а криминалот ќе царува. Затоа предвремени парламентарни избори час поскоро“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Марија Митева избрана за претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Коневски ќе ја предводи УМС

Мицкоски ги соопшти новите министри: Клековски во Здравство, Велковски во Социјална политика

ЗНАМ ќе раководи со Министерството за земјоделие и јавна администрација, Серафимовски нов министер