Утрински Весник
Свет

Украина: 221 дете загина поради руска агресија

Како резултат на руската инвазија, според податоците доставени до обвинителството вчера, повеќе од 629 деца се повредени, а 221 загинале, соопшти Државното обвинителство на Украина.

Податоците не го вклучуваат бројот на деца-жртви во областите кои моментално се окупирани и кои Државното обвинителство на Украина не може да ги достигне со своите истражители.

Овие бројки не се конечни, бидејќи не се утврдуваат на места на активни воени дејствија, на привремено окупираните и неодамна ослободените територии кои најчесто се минирани, пренесуваат медиумите.

Според официјалните податоци, досега загинале 221 дете, а повеќе од 408 се повредени. Главниот државен обвинител Ирина Венедиктова вчера на својот профил на Твитер објави дека е завршена првата фаза од истрагата за воените злосторства извршени од руската војска.

– Сослушани се 228 сведоци. Работиме на откривање и изведба на сите сторители пред лицето на правдата – рече Венедиктова.

– Деветгодишно девојче е рането во нападот на руските окупатори на 3 мај врз селото Велики угао во Николаевската област. За време на снимањето на злосторствата извршени од руската армија во регионот на Киев, во селото Шибине е пронајдено тело на десетгодишно девојче.

Како резултат на секојдневните бомбардирања и гранатирања од страна на руските вооружени сили, беа оштетени 1.584 образовни институции, а 118 од нив беа целосно уништени, пренесува „Дневен аваз”.

Можете да прочитате

Нојман: Употребата на дронови во војната во Украина „не е пример“ за воздушните способности на НАТО

Институт за проучување на војна: Русија, Кина и Северна Кореја не му помогнаа на Иран во војната со Израел

Фидан: Поддршката за „геноциден Израел“ не е во ничија корист